недела, 5. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Повторно лажни дојави за бомби во Санкт Петербург

Повторно лажни дојави за бомби во Санкт Петербург

Една третина од станиците на подземната железница, 20 болници и 40 образовни установи во Санкт Петербург денеска примијата предупредувања за поставени бомби. Специјалните полициски единици утврдија дека станува збор за лажни дојави.

Експерти за експлозив и специјално обучени кучиња ја проверуваат безбедноста на метро станиците.

Евакуирани беа и судовите во градот, но повторно почнаа со работа откако беше утврдено дека дојавите се лажни.

И вчера се спроведуваше евакуација во Санкт Петербург откако 22 метро станици, 24 болници и 57 училишта и високообразовни институции примија закани за поставени бомби, кои подоцна се утврди дека се лажни.

Бранот лажни дојави почна минатата недела со електронско писмо испратено до Градскиот суд, во кое беше барањето за надомест од 120 милиони рубљи (187.200 долари) да се префрлат во биткоини. Откриено е и дека повиците доаѓале од странство, најверојатно од Украина. (МИА)

Парламентарни избори 2020