понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 122
home Вести

Повредени полицајци на протестот во Љубљана против ковид мерките

Повредени полицајци на протестот во Љубљана против ковид мерките

Противници на мерките за борба против коронавирусот вечерва протестираа на плоштадот „Република“ во Љубљана, барајќи промена на мерките и Владата да поднесе оставка.

По два часа, тие запалија факели и почнаа да ги фрлаат кон Собранието на Словенија, објави Н1 Словенија. За време на протестот повредени се неколку полицајци, а хеликоптери го надлетувале градот.

Како што јавуваат словенечките медиуми, демонстрантите имале две барања: промена на мерките за борба против Ковид-19 во препораки и предвремени избори.

Пред протестот, организаторите повикаа на мирен собир, но инцидентот се случи веднаш штом непознато лице фрли шише кон еден од полицајците што го обезбедуваа собирот. Собраните луѓе се приближија и до влезот во зградата на Собранието, поради што полицијата го засили своето присуство пред Националното собрание, јавија словенечките медиуми.

Како што е наведено, за да ја растера толпата која фрлаше факели кон Парламентот, полицијата одговори со солзавец и водени топови.

Локални избори 2021