сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Повредени 2 бебиња: Амбулантно возило влета во толпа луѓе

Повредени 2 бебиња: Амбулантно возило влета во толпа луѓе

Вооружен маж што во Осло украде амбулантно возило и влета во толпа луѓе, повредил три лица, од кои две се бебиња, соопштија норвешката полиција и болнички извори.

Мажот бил совладан откако полицијата пукала во возилото. „Тој е поврден, но нема сериозни рани“, јави полицијата.

-Две бебиња се поврдени откако грабнатото возило на Итната помош удриво во едно семејство. Станува збор за близнаци на седуммесечна возраст, на кои им е дадена прва помош, соопшти портпаорлот на болницата во Осло.

Јавниот радиодифузер НРК прикажа снимки од оштетеното возило во квартот Торшов, на која се слушаат истрели.

Портпаролот на болницата изјави дека во инцидентот учествувале две возила на Итна помош.

-Едното возило го грабнал мажот вооржен со сачмарка. Неколку минути подоцна второ возило на Итна помош успеало да го запре грабнатото, забивајќи се во него. Потоа стигнала полицијата и го уапсила осомничениот, соопшти болницата.

ДПА ја пренесе и изјавата на полицијата дека „ мажот е уапсен, но дека тие трагаат и по една жена“.

По неколку часа, норвешката полиција соопшти дека е уапсена жената која ја бараа заради врска со крадецот на амбулантното возило со кое денеска во инцидент во Осло беа повредени три лица, од кои две се бебиња.

-Таа е уапсена неколку часа по инцидентот, изјави на прес конференција Јохан Фредериксен од полициските сили во Осло.

Станува збор за 32-годишна Норвежанка, која ќе биде осомничена за обид за убиство.

Коронавирус