четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Повикала полиција да нарача пица, но сакала нешто сосема друго (ВИДЕО)

Повикала полиција да нарача пица, но сакала нешто сосема друго (ВИДЕО)

Тифани Урбан се нашла во тешка ситуација кога нејзината мајка станала жртва на семејно насилство.

Напаѓачот сè уште бил во домот на нејзината мајка и морала да смисли начин да не го вознемири, а во исто време да побара помош.

Таа вели: „Мислев дека треба да ја повикам полицијата, но како го задржам во куќата за да можат да го фатат?“

Тогаш таа решила да се преправа дека нарачува пица.

Наместо да се јави во ресторан, таа се јавила во полиција. Меѓутоа, кога полицаецот одговорил, мислел дека е можеби грешка.

Но, кога Тифани инсистирала на нејзината нарачка, офицерот Тим Тенек почувствувал дека нешто не е во ред.

„Таа упорно се држеше до приказната дека сака пица“, вели тој, „Таа постојано го кажуваше тоа. Знаев дека нешто друго се случува“.

Тим тогаш почнал да и поставува едноставни прашања на кои можела да одговори со „да“ или „не“ за да открие што точно се случува. Потоа, тој испратил полиција и им рекол да не користат сирени за да не го предупредат напаѓачот.

Брзото размислување на Тифани помогнало да ја спаси нејзината мајка од многу опасна ситуација. Секоја чест и на службеникот кој го препознал лицето на кое му требало помош.

Полицијата успешно го фатила напаѓачот.

Коронавирус