сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 86
home Вести

Повеќето Германци против повластувања за вакцинираните против Ковид-19

Повеќето Германци против повластувања за вакцинираните против Ковид-19

Повеќето Германци се убедени дека ограничувањата наметнати поради коронавирусот погрешно ќе бидат укинати за луѓето кои се сметаат за целосно имуни, се вели во студијата спроведена од институтот „Југов“.

Институтот за истражувања откри дека 32 проценти од луѓето велат дека ниту една група не смее да има никакви придобивки се додека сите не добијат можност да се вакцинираат, а 21 процент велат дека целосно вакцинираните и закрепнатите лица не треба да се третираат поинаку од невакцинираните.

Спротивно на тоа, само 39 проценти од луѓето сметаат дека ограничувањата треба да бидат укинати, според анкетата.

Податоците од истражувањето се базираат на онлајн анкета спроведена помеѓу понеделник и среда, во која учествувале 2.049 лица.

Од минатата недела, Германија укина голем број ограничувања за целосно вакцинираните – тие можат повторно да се дружат без ограничување на бројот на учесници и повеќе не мора да се придржуваат до ноќниот полициски час.

За вакцинираните лица е исто така полесно да патуваат бидејќи обврската за карантин по враќањето во Германија важи само доколку тие доаѓаат од област каде што се присутни нови варијанти на коронавирусот. Вакцинираните лица во голема мерка се ослободени од задолжително тестирање при влез во земјата.

Според Институтот Роберт Кох, досега се целосно вакцинирани околу 8,8 милиони луѓе (10,6 проценти), додека првата доза ја примиле околу 29,9 милиони луѓе (35,9 проценти).

ЕУРО 2020

Македонија