сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 57
home Вести

Повеќе од милион луѓе бегаат пред ураганот Флоренс

Повеќе од милион луѓе бегаат пред ураганот Флоренс

Долги колони од автомобили се формираа на патиштата на источниот брег на САД, каде населението почна евакуација кон внатрешноста, пред налетот на ураганот Флоренс, за кој експертите велат дека може да биде еден од најкатастрофалните досега.

Повеќе од еден милион луѓе од вкупно пет во погодените области се во движење. Ударот се очекува во следните 48 часа.

– Оваа бура е чудовиште. Голема е и злобна. Ова е историски ураган, екстремно опасен по живот. Тоа е причината зошто нареди взадолжителна евакуација на островите и барам од жителите на Северна Каролина да ги послушаат наредбите за евакуација по должината на брегот, изјави Рој Купер, гувернер на Северна Каролина.

Ураганот е во четврта категорија, но се очекува да премине во петта – што значи дека налетите на ветрот ќе бидат посилни од 250 километри на час. Штетата може да биде огромна, а жителите на Северна и Јужна Каролина се подготвуваат. Луѓето главно се снабдиле со најосновните намирници и сега голем дел од продавниците се празни.

Џеф Бајерд, претставник на Федералната управа за вонредни ситуации истакна дека ураганот Флоренс ќе биде „како удар на Мајк Тајсон по крајбрежјето на Северна и Јужна Каролина“. Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека безбедноста на американските граѓани му е на прво место. – Не жалиме за трошоците. Ние сме целосно подготвени, рече Трамп. (МИА)