сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Повеќе од еден тон кокаин запленет во воена база во Еквадор

Повеќе од еден тон кокаин запленет во воена база во Еквадор

Повеќе од еден тон кокаин наменет за Мексико е запленети во една база на еквадорското воено воздухопловство, а двајца војници се уапсени, соопштија локалните власти.

– Неколкумесечната истрага доведе до идентификација на мрежа за шверц на дрога, предводена од членови на воздухопловните сили, рече директорот на единицата на борба против наркотици Карлос Алулема.

Припадниците на полицијата и обвинителството извршиле претрес во базата во манта, пристаниште на Тихиот Океан и пронајде повеќе од 1,1 тони кокаин, складирани за „подоцна да бидат испратени во Мексико“. (МИА)