понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Повеќе од еден тон кокаин запленет во Италија

Повеќе од еден тон кокаин запленет во Италија

Во италијанското пристаниште на Тиренското море во провинцијата Калабрија, полицијата за помалку од седум дена запленила 1.300 килограми чист кокаин.

Дрогата била сокриена во контејнери во кои имало кафе, заледено месо и егзотично овошје од Јужна Америка.

Како што соопшти полицијата два контејнера се доставени од Бразил а третиот од Евкадор.

Кокаинот меѓу испорачаната стока е откриен благодарение на употребата на модерни скенери. Вредноста на запленетата дрога на пазарот е околу 260 милиони евра, соопшти полицијата, пренесе „italy24news“.

ЕУРО 2020

Македонија