петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 195
home Вести

Повеќе од 80 милиони луѓе во светот заразени со коронавирус

Повеќе од 80 милиони луѓе во светот заразени со коронавирус

Бројот на заразени со коронавирус во светот вечерва надмина 80 милиони, покажуваат најновите податоци.

Од последици на болеста досега починале 1,75 милиони луѓе, закрепнале повеќе од 56 милиони, а активни случаи се околу 22 милиони лица.

Најмногу заразени и понатаму има во САД, над 19 милиони, каде починале 337.644 лица. Потоа следува Индија со повеќе од 10 милиони заразени и 147.379 смртни случаи, а на трето место е Бразил со седум милиони заболени и 190.145 починати.

Повеќе од два милиона заразени имаат Русија, Франција, Велика Британија, Турција, Италија, а меѓу еден и два милиона случаи на Ковид-19 се регистрирани во Шпанија, Германија, Аргентина, Колумбија, Мексико, Полска, Иран, Украина и Перу.  (МИА)

Коронавирус