среда, 15. јули 2020. Вести денес: 62
home Вести

Повеќе од 70 отсто заразени не го пренесувале коронавирусот, тој се ширел на собири во затворен простор

Повеќе од 70 отсто заразени не го пренесувале коронавирусот, тој се ширел на собири во затворен простор

Група на епидемиолози од Хонгконг спровеле ново истражување кое покажало дека само 20 отсто од тестираните случаи се одговорни за дури 80 отсто од преносот на заразата на коронавирусот, пренесува Н1.

Тоа значи дека 70 отсто од заразените, вирусот не го пренеле на други и дека сите случаи каде се ширела заразата, биле на собири во затворен простор.

„Тоа е она што досега го знаеме, а ако дојде до втор бран, ќе знаеме подобро да се справиме со него“, рекол научникот Бен Колинг.

Тој додал дека собирите се дозволени на отворено, но дека во затворен простор не смее да бидат повеќе луѓе заради можноста на зараза.

Објавената студија е прелиминарна, значи се уште не поминала рецензија.