петок, 7. мај 2021. Вести денес: 77
home Вести

Повеќе од 60 Индонезијци починале од пијалак со инсектицид

Полицијата приведе најмалку 12 мажи во Џакарта под сомнеж дека илегално произведувале отровен пијалак.
Повеќе од 60 Индонезијци починале од пијалак со инсектицид

Повеќе од 50 лица починаа, а многумина се хоспитализирани во изминатите недели во западниот дел на Индонезија, откако пиеле алкохол од домашно производство со различни состојки, меѓу кои и средство против комарци, соопштија денеска властите.

Полицијата приведе најмалку 12 мажи во Џакарта под сомнеж дека илегално произведувале отровен пијалак.

Нејасно е дали како отров дејствувал метанолот во пијалакот или некоја друга состојка, меѓу кои имало и средство против инсекти, соопшти полицијата.

– Тоа беше мешавина на состојки која не е за конзумирање. И натаму вршиме тестови за да утврдиме што точно содржела течноста, изјави портпаролот на полицијата Трунојудо Висну Андико.

Властите спроведоа рации по куќите на уличните продавачи за да ги запленат и уништат илјадниците шишиња домашно произведен пијалак, додаде портпаролот.

Индонезија, со мнозинско муслиманско население, има голем данок на алкохол, поради што луѓето често пијат евтини пијалаци од домашно производство.

(Mиа)

Коронавирус