вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 8
home Вести

Повеќе од 560 големи светски компании бараат итни мерки за заштита на природата

Повеќе од 560 големи светски компании бараат итни мерки за заштита на природата

Група големи глобални компании денеска ги повикаа владите ширум светот итно да усвојат мерки за запирање на забрзаното уништување на природата и климатските промени и со тоа да се постават рамки за нивната „позелена“ деловна активност, пренесува Хина.

Повеќе од 560 компании, вклучувајќи ги Валмарт, Ситигруп, Мајкрософт, ИКЕА, Унилевер и АХА потпишаа заеднилко соопштение со кое повикуваат на преземање конкретни мерки во следните десет години.

Британскиите медиуми појаснуваат дека нивните приходи заедно надминуваат 4.000 милијарди долари.

Компаниите во соопштението велат дека многу од нив веќе преземаат чекори да го направат својот бизнис „позелен“ и владите треба да создадат мерки што ќе им овозможат да сторат уште повеќе.

„Здравите општества, еластичните економии и успешните компании се базираат на природата. Владите не смеат да се двоумат ни за момент, туку мора веднаш да усвојат мерки за промена на трендот на уништување на природата во оваа деценија“, се наведува во соопштението на компаниите .

Апелот е упатен во пресрет на самитот на Обединетите нации за биодиверзитет, на кој на 30 септември во Њујорк треба да се подготви теренот за нов глобален пакт за заштита на природата од заканите, како што се страшните пожари во Амазон и Калифорнија.

Коронавирус