четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 3
home Вести

Повеќе од 500 мигранти со брод пристигнале во Италија

Повеќе од 500 мигранти со брод пристигнале во Италија

Италијанската крајбрежна стража пресретна четири мали бродови кои превезувале повеќе од 500 мигранти и ги придружуваше до островот Лампедуза, на околу 200 километри од Сицилија, објави денеска АНСА.

На еден од бродовите имаше 325 луѓе, а тој беше запрен на 13 километри од Лампедуза.

Патролен брод на италијанската полиција, која се бори против финансиски криминал и криумчарење, придружуваше друг брод со околу 90 лица.

На преостанатите два брода имаше 96 и 16 лица, а тие денеска пристигнаа на медитеранскиот остров, додаде АНСА.

Сите мигранти беа префрлени во таканаречената „жешка точка“, центарот за миграции на островот.

Лампедуза е едно од главните пристаништа за мигранти, кои доаѓаат претежно од Тунис и Либија, со цел да стигнат до Европа. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија