понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 49
home Вести

Повеќе од 4,5 милиони Италијанци живеат во апсолутна сиромаштија

Повеќе од 4,5 милиони Италијанци живеат во апсолутна сиромаштија

Во Италија еден милион и 700 илјади семејства живеат во екстремна сиромаштија, што е околу 4,6 милиони луѓе, објавено е во најновиот извештај на Институтот за статистика (ИСТАТ), а пренесува дневниот весник на католичките бискупи „Авенире“.

Меѓу сиромашните, една третина се мажи и жени на возраст над 65 години кои немаат доволно пари за да платат кирија или сметки. Од 10 италијански пензионери, шестмина имаат пензија помала од 750 евра.

Според статистичките податоци, еден милион и 137 деца живеат во апсолутна сиромаштија, а процентот на сиромаштија влијае на уште повеќе деца на странци кои живеат и работат во Италија.

Меѓу сиромашните, има и повеќе од 50.000 таканаречени „невидливи“, односно луѓе кои живеат на улица, а половина од нив се странци, осум од десет се мажи, а меѓу нив се чести случаи на разведени татковци кои после разводот остануваат без својот дом, честопати ги губат работните места и завршуваат на улица.

Минатата година, сиромаштијата беше намалена процентуално во однос на 2018 година благодарение на воведувањето на таканаречениот „основен приход“ воведен на инсистирање на партијата „Движење пет ѕвезди“.

Статистиката се однесува на минатата година, но во извештајот се посочува дека состојбата годинава е влошена поради пандемијата на коронавирусот.

Коронавирус