четврток, 20. јануари 2022. Вести денес: 0
home Вести

Повеќе од 300 навивачи на Финска се заразиле со коронавирус на ЕУРО 2020

Повеќе од 300 навивачи на Финска се заразиле со коронавирус на ЕУРО 2020

Најмалку 300 Финци кои навивале за својата фудбалска репрезентација на Еуро 2020 се заразиле со коронавирус, соопштија тамошните власти, што може да го смени планот на земјата за олеснување на мерките.

Дневниот број на нови инфекции во Финска се зголеми од околу 50 на ден на повеќе од 200 минатата недела и се очекува да се зголеми уште повеќе, предупредуваат властите.

-Јасно е дека бројот на новозаразени се зголемил поради враќањето на навивачите, тврди Мика Салминен од финскиот здравствен институт.

„Проучувајќи ја нивната возраст, јасно е дека многу од нив сè уште не примиле две дози на вакцина“, додаде Салминен.

Локалните здравствени власти објавија дека повеќе од 200 инфекции што се случиле во Русија биле откриени во областа околу Хелсинки.

Неговиот институт проценил дека помеѓу 4,5 и 6 илјади Финци отишле на натпреварите во рускиот град Санкт Петерсбург, што во моментов руши рекорди по бројот на смртни случаи од Ковид-19.

Властите сè уште се обидуваат да ги лоцираат сите оние кои биле во Русија, предупредувајќи ги дека можеби го пренеле коронавирусот на своите пријатели.

Коронавирус