сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 50
home Вести

Повеќе од 250.000 од жителите на Москва се заразени со коронавирус

Повеќе од 250.000 од жителите на Москва се заразени со коронавирус

Околу два отсто од жителите на Москва – односно повеќе од 250.000 луѓе – се заразени со новиот коронавирус, изјави денеска градоначалникот , Сергеј Собјанин.

-Според резултатите од скрининг-студиите од различни групи на население, околу два отсто од населението во Москва е заболено. И ова е минимална вредност меѓу градовите погодени од пандемии ширум светот. Бевме во можност да го контролираме ширењето на инфекцијата преку дисциплина и поддршка на мерките за самоизолација од московјаните, напиша градоначалникот на својот блог.

Официјално во Русија има вкупно 124.054 заразени, од кои 57.300 во Москва. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија