недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Повеќе од 12.000 пријавени за астронаути на НАСА во програмата „Артемис“

Повеќе од 12.000 пријавени за астронаути на НАСА во програмата „Артемис“

Повеќе од 12.000 лица аплицирале за астронаути во новата програма на НАСА- „Артемис“, соопштија од вселенската агенција, јави ДПА

Вселенската агенција го доби вториот најголем број апликации за некоја своја мисија, чија цел е американските астронаути повторно да слетаат на Месечината до 2024 година, за потоа евентуално испратат астронаутите и на Марс.

Претставникот на НАСА, Џим Бриденстен изјави дека програмата „Артемис“ отвора „смела нова ера“ за истражување на вселената и дека биле „воодушевени кога виделе толку многу апликанти“, појаснува германската агенција.

НАСА во февруари соопшти дека бара нови астронаути.

Барањата се апликантите бидат државјани на САД и да поседуваат магистерски студии во некоја научна област, како и да имаат најмалку две години професионално искуство или најмалку 1.000 часа обука на летање.

Кандидати што успешно ќе ја мината првичната селекција ќе добијат две години почетна обука за роботика, вселенско летање и лидерство.  НАСА во моментов располага со 48 активни астронаути.

Новите кандидати за астронаути се очекува да бидат објавени во летото 2021 година, пренесе ДПА.

Коронавирус