петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 127
home Вести

Потврдено дека мажот и жената отруени во близина на Солсбери биле изложени на Новичок

Потврдено дека мажот и жената отруени во близина на Солсбери биле изложени на Новичок

Мажот и жената, кои се во критична состојба во болница во Вилтшир, биле изложени на нервниот агенс „Новичок“, соопшти британската полиција.

Тоа е истата супстанца која беше употребена во нападот врз поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка.

Мажот и жената, двајцата британски граѓани, биле пронајдени во критична состојба во саботата вечер во нивниот дом во Ејмсбери, десетина километри од Солсбери, каде во март беа отруени Скрипал и ќерка му Јулија.

– По проучувањето на примероците, можам да потврдам дека мажот и жената биле изложени на невролошката супстанца Новичок, дефинирана како истата невропатска супстанца со која беа отруени Сергеј и Јулија Скрипал, изјави шефот на контраразузнавањето Нил Басу.

Локалната полиција го окарактеризира случајот како „сериозен инцидент“.

МИА

Коронавирус