понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Потврдени два нови случаи на коронавирус во Франција

Потврдени два нови случаи на коронавирус во Франција

Од  четиринаесетте заразени лица со коронавирус во Франција од почетокот на светската здравствената криза, досега едно лице почина, единаесет лица се излекувани, а вчера се регистрирани два нови случаи, јави дописникот на МИА.

Новозаболените се една млада Кинескиња која се вратила од Кина и еден Французин кој се вратил од престој во Италија.

Француските власти не паничат и тврдат дека се подготвени за соочување со епидемијата. Границите со Италија не се затворени, а не е откажан ниту денешниот фудбалски натпревар меѓу Лион и Јувентус, што се игра во Лион.

Сепак, Французите покажуваат загриженост, бидејќи во аптеките и супермаркетите е тешко да се најдат заштитни хируршки маски. Потврда  за загриженоста е зголемениот број на повици на зелената телефонска линија на која се даваат совети за коронавирусот, која од само двеста повици дневно, деновиве веќе забележа повеќе илјади.

Во Универзитетската болница во Нанси се згрижени 11 лица со симптоми на коронавирусот. А француските власти бараат од французите во случај на сомневање дека се заразени од вирусот, самите да не одат во болниците или кај матичните лекари, туку да се јават до брзата помош. Ова со цел да се избегне евентуално ширење на заразата.

Коронавирус