вторник, 18. декември 2018. Вести денес: 177
home Вести

Потрошија три милијарди долари за нуклеарна подморница, па им се случи катастрофа

Потрошија три милијарди долари за нуклеарна подморница, па им се случи катастрофа

Првата индиска нуклеарна балистичка подморница “INS Arihant” беше речиси една година надвор од оперативна служба поради една прилично неверојатна грешка.

Еден морнар заборавил до крај да ја затвори вратата на задниот дел од подморницата при нурнувањето, па тоа предизвикало продор на морската вода која што направила толку голема штета на опремата од подморницата, што поправката траела 10 месеци.

Од Индиската Морнарица потврдиле дека низ отворот на задната лева страна од подморницата, водата навлегла во погонскиот дел од “INS Arihant”, а испумпувањето на водата и замената и поправката на опремата било сложен и долг процес.

Подморницата “INS Arihant” е изградена во рамките на амбициозната програма на индиската армија вредна 2,9 милијарди долари, а конструкцијата на подморницата започна во 2009-та година.

Седум години подоцна, односно во октомври 2016-та година, подморницата влезе во служба, Индијците се пофалија со својата воена машина, а потоа морнарот заборавил да ја затвори вратата и се случила вистинска катастрофа која што дефинитивно изгледа трагикомично.