недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 83
home Вести

Потресни детали за смртта на парот од Србија- таткото бил во близина на несреќата, не ни знаел дека таму е неговата ќерка

Потресни детали за смртта на парот од Србија- таткото бил во близина на несреќата, не ни знаел дека таму е неговата ќерка

Верениците Ален Кучевиќ и Медина Бјлека од Србија настрадале во сообраќајна несреќа во Германија во неделата попладнето, откако во нивниот автомобил удрило полициско возило.

Се вериле во декември минатата година, за август била планирана голема свадба во Пријеполје, подготовките биле во тек, но тие заедно настрадале.

Нивните роднини велат дека одлучено е да бидат погребани заедно, бидејќи се сакале и заедно настрадале.

Кобниот ден, во неделата попладнето, оделе да гледаат стан во кој планирале да живеат, а сообраќајката се случила кога се враќале. Семејството на настраданата Медина живее во Германија веќе 20 години, додека Ален отишол да работи таму пред 4 години. Таткото на Медина, по некоја случајност тој ден наишол на истиот пат на кој се случила трагедија, каде се создала колона возила поради увидот на полицијата, но не бил свесен дека на стотина метри лежи мртва неговата ќерка.

Семејството на Ален вели дека тој бил совесен возач. Тој ден тргнал да престигнува што е секако негова грешка. Но, за време на престигнувањето, автомобилот пред него кој требало да се вклучи во својата трака не успорил, туку напротив забрзал, и со задниот дел го поткачил возилото на Ален, раскажал роднина на Ален и додал дека настраданиот пар требало да дојде во посета на Србија на 17. април.

Коронавирус