недела, 5. декември 2021. Вести денес: 62
home Вести

ПОТРЕБНА Е И ЧЕТВРТА ДОЗА НА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОРОНАВИРУС! Најновите резултати потврдија, еве кој задолжително мора да ја прима и кога

ПОТРЕБНА Е И ЧЕТВРТА ДОЗА НА ВАКЦИНАТА ПРОТИВ КОРОНАВИРУС! Најновите резултати потврдија, еве кој задолжително мора да ја прима и кога

Американскиот центар за контрола и превенција на болести соопшти дека пациентите кои имаат нарушен имунитет најверојатно ќе мора да ја примат и четвртата доза на MRNA вакцината против коронавирусот, која припаѓа на вакцината Фајзер/Бионтек, најдоцна шест месеци по примањето на третата доза.

Во август, ЦДЦ одобри трета доза за одредени луѓе на возраст над 18 години кои страдаат од хронични болести или имаат на друг начин нарушен имунолошки систем, објаснувајќи ја одлуката со фактот дека овие пациенти можеби немаат соодветни имунолошки одговори по првите две вакцини.

– ЦДЦ во овој момент не препорачува четврта доза од вакцината. Луѓето треба да се консултираат со своите лекари кои ќе препорачаат дали им е потребно – беше кажано од ЦДЦ и беше забележано дека меѓу лицата со умерен до тешко нарушен имунитет се оние кои се на средина на лекување за рак или тумори на крвта, оние кои имаат имале трансплантација на органи, како и луѓе кои примале матични клетки, луѓе со напреднат или нетретиран ХИВ и оние кои земале високи дози на кортикостероиди или други лекови од тој тип.

ЦДЦ проценува дека околу девет милиони луѓе, или околу два отсто од американското население, спаѓаат во таа категорија.

– Луѓето со ослабен имунитет кои примиле една доза на вакцината Џонсон&Џонсон би требало да примат засилувачка доза барем два месеци по првата. Лицата кои ја одбираат Модерна како засилувачка доза, иако првата вакцина им е различна би требало да добијам пола доза на вакцина која е одобрена како засилувачка за Модерна, соопштија од ЦДЦ и напоменија дека без оглед на вакцинацијата луѓето и понатаму треба да се придружуваат на епидемиолошките мерки, да избегнуваат гужви и масовни собири.

Коронавирус