четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 86
home Вести

Потпретседателот на Европската Комисија, Схинас позитивен на Ковид-19

Потпретседателот на Европската Комисија, Схинас позитивен на Ковид-19

Потпретседателот на Европската Комисија, Маргаритис Схинас, на Твитер, соопшти дека е позитивен на Ковид-19.

– Штотуку дознав дека мојот редовно закажан тест за Ковид-19, пред Колеџот на комесари, е позитивен. Отсега ќе бидам во самоизолација како што е правилото, останете безбедни, твитна Схинас.

Еврокомесарите се тестираат за Ковид-19 пред секоја редовна средба на Колеџот која се одржува обично секоја среда. (МИА)

Коронавирус