четврток, 22. април 2021. Вести денес: 101
home Вести

Потпретседателот на Еквадор е отстранет од должност поради корупција

Глас (48), е осуден на шест годишна затворска казна поради големиот корупциски скандал. Тој, од фирмата „Одебрехт“ земал поткуп во висина од 13,5 милиони долари. 
Потпретседателот на Еквадор е отстранет од должност поради корупција

Претседателот на Еквадор, Ленин Морено потврди дека потпретседателот Хорхе Глас е разрешен, бидејќи издржува казна за поткуп, што го добил од бразилската градежна компанија „Одебрехт“.

– Како што предвидува Уставот, потпретседателот на земјата Хорхе Глас е отстранет од функцијата, нагласи Морено, посочувајќи дека согласно законите на Еквадор, има 15 денови во Парламентот да поднесе список на кандидати за таа функција.

Тој наведе дека, „ќе го направи тоа многу побрзо“, бидејќи земјата не може без потпретседател.

Глас (48), е осуден на шест годишна затворска казна поради големиот корупциски скандал. Тој, од фирмата „Одебрехт“ земал поткуп во висина од 13,5 милиони долари.

Коронавирус