понеделник, 5. јуни 2023. Вести денес: 151
home Вести

Постигнат договор со САД: Турција привремено ќе ја запре офанзивата во Сирија

Постигнат договор со САД: Турција привремено ќе ја запре офанзивата во Сирија

Турција привремено ќе ја запре офанзивата во Сирија по разговорот кој го извршија турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и потпретседателот на САД, Мајк Пенс, пренесува BBC.

Како што се наведува, договорот вклучува запирање на турските воени операции на 120 часа, а САД ќе помогнат во организирањето на повлекувањето на курдските сили од подрачјето кое Анкара сака да го контролира.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер му се заблагодари на Ердоган, посочувајќи оти од Анкара пристигнува прекрасна вест и оти ќе бидат спасени милиони животи.

 

Во разговорите со турските претставници учествуваа и државниот секретар Мајк Помпео и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан.

Американските претставници пристигнаа во Анкара за да го предупреди Ердоган дека ќе се соочи со дополнителни американски санкции ако не ја прекина офанзивата во Сирија.