вторник, 30. ноември 2021. Вести денес: 141
home Вести

Последно збогум за убиениот градоначалник: Десетици илјади Полјаци дојдоа на погребот

Последно збогум за убиениот градоначалник: Десетици илјади Полјаци дојдоа на погребот

Десетици илјади Полјаци се собраа во Гдањск за да му оддадат почит на убиениот градоначалник на овој град, Павел Адамович.

-Погребното возило што го носело ковчегот на Адамович го следеле униформирани припадници на полската морнарица, објави агенцијата АП.

На чело на колоната бил надбискупот на Гдањск, Лешек Славој Глоџ, придружуван од други истакнати јавни личности.

Претходно околу 300 полски градоначалници и други политичари се собраа низ Полска за да му оддадат почит на Адамович.

Адамович беше прободен во неделата вечерта, а почина во болница. Напаѓачот беше уапсен.

Коронавирус