сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 92
home Вести

Последните стравични мигови на првиот човек кој загина на вселенска мисија: Пораките се застрашувачки (ВИДЕО)

Последните стравични мигови на првиот човек кој загина на вселенска мисија: Пораките се застрашувачки (ВИДЕО)

Владимир Комаров бил припадник на првата генерација советски астронаути, со Јуриј Гагарин и Герман Титов.

Сојуз 1 бил првиот лет со човечки екипаж во рамките на Советската вселенска програма. Леталото е лансирано во орбитата пред 51 година, во април 1967 година, со астронаутот Владимир Комаров.

Комаров е првиот човек во историјата кој два пати патувал во вселената и прв кој починал на вселенска мисија.

Неговиот прв лет, Восход 1 во 1964 година бил успешен, но на другиот лет, три години подоцна, загинал. Тогаш имал 40 години.

Според првобитниот план, Сојуз 1 во орбитата требал да се сретне со Сојуз 2, да размени екипаж и да се врати на Земјата.

Но, од самиот почеток на мисијата била оптеретена со проблеми. Инжинерите и конструкторите пријавиле дури 203 грешки на леталото, но политичкиот врв ги игнорирал и побрзало лансирањето и покрај техничките недостатоци.

Поради сето тоа се откажало лансирањето на Сојуз 2, а Сојуз 1 според забрзната постапка требало да се врати на Земјата по 18 орбити. Ориентирајќи се кон Месечината, Комаров успеал со рачна команда да ги вклучи моторите за враќање на Земјата. Уште при кружењето околу нашата планета, можело да се сфати дека нема да успее да се врати жив.

За време на неговото влегување во атмосферата, вселенското летало лета околу шест километри во секунда и доживува аеродинамички сили и екстремна топлина поради триење со атмосферата.

При падот, пораките кои се забележани биле страшни за слушање. Астронаутот плачел и беснеел, па ги пцуел оние кои го ставиле во расипан вселенски брод. Во снимката се слуша како вика дека расте температурата во капсулата.

При отворањето на падобранот дошло до заплеткување на јажето и падобранот не го отворил до крајот. Капсулата удрил во тлото со брзина од 140 километри на час при што Комаров загинал.

Коронавирус