четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Вести

ПОСЛЕДНИ ПОДГОТОВКИ – познато како и каде ќе седи кралицата за време на погребот, а еве го и списокот на лицата кои ќе присуствуваат

ПОСЛЕДНИ ПОДГОТОВКИ – познато како и каде ќе седи кралицата за време на погребот, а еве го и списокот на лицата кои ќе присуствуваат

Последните подготовки за погребот на сопругот на кралицата Елизабета Втора, принцот Филип завршија денеска во замокот Виндзор . Церемонијата ќе биде поскромна поради пандемијата на коронавирусот, иако тоа ќе ја рефлектира неговата долга кариера во воената и јавната служба.

Полицијата патролирапред замокот, а реки од луѓе носат венци.

Телевизиските компании од целиот свет зазедоа позиции пред историската кралска резиденција западно од Лондон за погребот на највисокиот член на кралското семејство од погребот на мајката на кралицата во 2002 година.

Поради пандемијата со коронавирусот, плановите за погреб брзо беа променети, бидејќи владините упатства го ограничуваат бројот на гости на само 30.

Но, Бакингемската палата посочува дека церемонијата ќе ја рефлектира доживотната врска на принцот Филип со британската морнарица.

– Тоа ќе ја одрази воената прецизност и мислам дека ќе биде, пред сè, прослава на убавиот живот, рече генералот Ник Картер.

– Мислам дека тоа ќе покаже и колку вооружените сили го сакаа и почитуваа, изјави тој за Би-Би-Си.

Принцот Филип, кој беше во брак со кралицата 73 години, почина на 9 април на 99-годишна возраст откако помина еден месец во болница поради проблеми со срцето и инфекција.

Палатата објави список со гости во четвртокот и откри дека принцовите Вилијам и Хари нема да одат зад ковчегот еден до друг. Меѓу нив ќе биде и нивниот братучед Питер Филипс, синот на принцезата Ана.

Церемонијата започнува со поворка во 2.40 часот по локално време (15.40 часот по средноевропско време) и национално минутно молчење во 15 часот.

Сите гости, вклучително и Кралицата, која следната недела ќе наполни 95 години, ќе носат маски, ќе седат одделно и ќе ја почитуваат физичката оддалеченост.

Кралицата ќе седи сама.

Четиричлениот хор на погребот ќе пее композиција избрана од самиот принц, а службата ќе трае 50 минути.

Меѓу 30-те гости ќе бидат принцот престолонаследник Чарлс, неговата втора сопруга Камила и уште три деца на кралицата и осум внуци со нивните сопруги.

Ќе бидат присутни и децата на починатата сестра на кралицата принцезата Маргарет и тројца братучеди на Филип од Германија.

Коронавирус