понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Последни обиди на Јанша да формира нова словенечка Влада

Последни обиди на Јанша да формира нова словенечка Влада

Претставници на СДС (Словенечка демократска партија) на Јанез Јанша и СМЦ (Партија на Модерен Центар) попладнево ќе ги продолжат разговорите за обидите да се формира нова словенечка Влада.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, овие разговори се едни од последните имајќи во предвид дека веќе на 24 февруари почнуваат состаноците со претседателот на државата Борут Пахор, кој на крај ќе одлучи дали ќе се оди на предвремени парламентарни избори или, сепак, ќе има ново парламентарно мнозинство, по што ќе може да се најде мандатар за состав на нова Влада.

Преговорите за мнозинска коалиција се водат меѓу партиите СДС, СМЦ, НСИ (Нова Словенија) и ДеСУС (Демократска Партија на пензионерите во Словенија). Сите потенцијални коалициски партии си имаат свои барања и услови за учество во влада предводена од Јанша. Дали тоа ќе се оствари ќе биде познато веќе следната недела.

Премиерот во оставка Марјан Шарец ги потсети лидерите па парламентарните политички партии, на нивните изјави дека никогаш нема да направат Влада предводена од Јанша.

Коронавирус