петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Вести

Последна шанса: СЗО формира нов експертски тим за утврдување на потеклото на коронавирусот

Последна шанса: СЗО формира нов експертски тим за утврдување на потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација формира нова експертска група за тестирање опасни патогени, која, како што проценува, е последна шанса да се утврди потеклото на вирусот САРС-КоВ-2 и ја повика Кина да соработува.

Првиот случај на Kовид-19 кај човечката популација беше регистриран во кинескиот град Вухан во 2019 година и Кина отсекогаш ги негира обвинувањата дека вирусот потекнува од нејзините лаборатории и објави дека посетите на службениците на СЗО повеќе не се неопходни.

СЗО назначи 26 члена на научно-советодавната група за потеклото на новите патогени, меѓу кои Марион Копманс, Теа Фишер, Јанг Јунгуи, кинески експерт кој учествуваше во заедничката истрага во Вухан, пренесува „Ројтерс“.

Покрај коронавирусот, тимот ќе го испита потеклото на други патогени со висок ризик.

„Разбирањето од каде доаѓаат новите патогени е клучно за спречување на идните епидемии“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Претходно, Тедрос и други претставници на СЗО рекоа дека „не може да се исклучи лабораториска несреќа“ како потенцијален извор на пандемијата.

Коронавирус