недела, 20. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Последиците се уште покатастрофални: По експлозијата во Бејрут остана кратер длабок 43 метри (ВИДЕО)

Последиците се уште покатастрофални: По експлозијата во Бејрут остана кратер длабок 43 метри (ВИДЕО)

Ужасната експлозија во пристаништето во Бејрут ја предизвикаа повеќе од 2.700 тони амониум нитрат, кој беше складиран во магацинот шест години, откако беше конфискуван од царинската служба.

По експлозијата во Бејрут, останал кратер длабок 43 метри, јавува Скај Њуз Арабија, повикувајќи се на извори во либанската полиција.

Бројот на загинати од експлозија во центарот на Бејрут во вторникот се искачи на 158, а повредени се повеќе од 6.000 лица, соопшти либанското министерство за здравство.

Коронавирус