среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 151
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Португалскиот премиер пристигна во Киев

Португалскиот премиер пристигна во Киев

Португалскиот премиер Антонио Коста утринава пристигна во Киев.

„Доаѓам овде со емоции и почит, во солидарност со оваа земја и овој народ, соочен со варварската руска агресија“, рече Коста.

Во објавата на Твитер тој соопшти дека имал средба со украинскиот претседател Володомир Зеленски и порача дека Португалија стои недвосмислено со Украина. Тој соопшти дека разговарале за непосредните потреби на Украина која ги разгледува можностите за обнова на земјата.

„Обемот на предизвикот пред нас покажува дека треба да создадеме многу значаен европски финансиски инструмент и да привлечеме други меѓународни донатори“, напиша Коста на Твитер.

Португалскиот премиер, исто така порача дека неговата земја е посветена на дополнително продлабочување на хуманитарната, финансиска и воена поддршка за Украина.

Коронавирус