понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 165
home Вести

Португалија воведува задолжително носење маска на отворено каде има метеж

Португалија воведува задолжително носење маска на отворено каде има метеж

Во Португалија денеска е донесена мерка за задолжително носење заштитни маски на отворено каде има метеж, со цел да се запре зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус.

Сите лица постари од 10 години ќе бидат обврзани да носат заштитни маски на отворено кога не е можно да се одржи физичко растојание, а мерката ќе биде во сила најмалку 70 дена.

Прекршителите на оваа мерка ќе бидат казнети со парична казна од 100 до 500 евра.

Во земјата, со население од нешто повеќе од 10 милиони, пријавени се вкупно 109.541 случаи на коронавирус, а досега починале 2.245 лица како резултат на Ковид-19.

Португалската Влада вчера соопшти дека три општини во северниот дел на земјата ќе бидат ставени во делумен карантин за да се спречи зголемувањето на новите случаи на коронавирус. (МИА)

Коронавирус