среда, 24. февруари 2021. Вести денес: 147
home Вести

Португалија повторно во колапс: Од Утре се затвораат училиштата и универзитетите

Португалија повторно во колапс: Од Утре се затвораат училиштата и универзитетите

Португалската Влада од утре ќе ги затвори сите училишта и универзитети, за да не се влоши состојбата со пандемијата на коронавирусот.

Според последната блокада што започна минатата недела, сите служби што не се од витално значење за животот на граѓаните се затворени и на луѓето им е наредено да останат во своите домови.

Владата во Лисабон е критикувана затоа што ги држи училиштата отворени, а родителите на учениците и средношколците исто така апелираа до Владата да ги затвори училиштата.

Градинките, училиштата и факултетите ќе бидат затворени од утре, така што околу два милиона ученици и студенти ќе останат во своите домови. 

Коронавирус