петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 195
home Вести

Португалија ги олеснува мерките за Божиќ, но не и за Нова Година

Португалија ги олеснува мерките за Божиќ, но не и за Нова Година

Поргугалија ќе ги ублажи рестриктивните мерки за сузбивање на коронавирусот за време на Божиќ, но не и околу Нова Година, објави денеска владата.

Забраната за патување во рамки на државата ќе биде укината помеѓу 23 и 26 декември, објави социјалистичкиот премиер Антонио Коста, повикувајќи ги луѓето да не поминуваат премногу време без маска на поголеми собири.

За Божиќ нема да има ограничувања на бројот на луѓе по домаќинство, а полицискиот час на 24 и 25 декември ќе биде поместен од 23 часот до 2 часот по полноќ, пренесува „Ројтерс“.

-Семејствата денес имаат доволно информации за да знаат колку се ризични собирите- рече Коста, додавајќи дека „на португалскиот народ мора да му се верува“.

Уличните прослави ќе бидат забранети за Нова Година, а собирите надвор ќе бидат ограничени на најмногу шест лица.

Луѓето тогаш сè уште ќе можат да се дружат во своите домови, но само ако останат во нивната област и се вратат дома пред полицискиот час во 2 наутро.

Португалија во вториот бран забележа рекорден број на заразени и починати лица.

Од почетокот на пандемијата, Португалија со 10 милиони жители забележа 318 илјади заразени и скоро 5 илјади починати.

Коронавирус