среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 171
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, преминува на повисока должност во Белата куќа

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, преминува на повисока должност во Белата куќа

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, во иднина ќе ги координира стратешките комуникации во Националниот совет за безбедност на Белата куќа, јавија британските меидуми, повикувајќи се на канцеларијата на американскиот претседател.

„Во тоа својство, Кирби ќе ги координира меѓуресорските напори за појаснување на американската политика и ќе биде важен владин глас за прашањата во оваа област, вклучително и одржување прес-конференции во Белата куќа“, се наведува во соопштението.

Кирби, кој стана заштитно лице на брифинзите во американското Министерство за одбрана, особено за време на руската инвазија на Украина, претходно работеше во Стејт департментот. (МИА)

Коронавирус