недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Портпарол на АстраЗенека: Соработуваме во истрагата за помали дози

Портпарол на АстраЗенека: Соработуваме во истрагата за помали дози

АстраЗенека соопшти дека соработува со регулаторите во истрагата за давање помала доза на вакцина против коронавирус, бидејќи резултатите беа подобри кај испитаниците кои добиле помала количина вакцина отколку целосна доза, изјави портпарол на компанијата.

Генералниот директор Паскал Сорио претходно изјави дека АстраЗенека ќе направи дополнителни тестови низ целиот свет за да ја процени ефикасноста на вакцината.

На прашањето да ги коментира наводите на Блумбер за новите испитувања, портпаролот на АстраЗенека рече дека се вршат дополнителни проценки на податоците и додаде дека компанијата соработува со регулаторите за „најдобриот пристап за понатамошно оценка“.

– Тоа ќе биде додаток на податоците од постојните испитувања, кои во моментов се подготвуваат за поднесување регулаторна постапка, рече тој.

АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд признаа дека настанала грешка при тестирање на вакцината за коронавирусот, што предизвика многу прашања во врска со првичните резултати што ги објавија.

Соопштението е објавено завчера, само неколку дена откако компанијата и универзитетот објавија дека нивната вакцина е „многу ефикасна“, не спомнувајќи зошто некои од учесниците во испитувањето не примиле цела доза за време на првата од двете вакцинации, пишува списанието „Тајм“.

Всушност, подоцна се покажало дека групата што примила помала количина вакцина е подобро заштитена од волонтерите кои примиле цели две дози.

Коронавирус