сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 100
home Вести

Порталот за борба против ренсомвер им помага на жртвите од хакерски напади

Порталот за борба против ренсомвер им помага на жртвите од хакерски напади

Европол денеска соопшти дека специјализираниот интернет портал „Номерерансон“ нуди бесплатна помош за жртвите на ренсомвер – компјутерски вирус со чија помош хакерите од физички и правни лица изнудуваат откуп и оти досега е спречено 632 милиони долари да дојдат до кибер криминалците.

Ако вирусот ренсомвер продре во компјутер почнува да ги шифрира потенцијално важните податоци и корисникот не може да пристапи без да им плати откуп на хакерите.

– Такви хакерски напади се случуваат со години, но последните месеци се интензивираа, а на мета се болниците и владините институции на некои земји и тоа во ситуација кога светот е погоден од пандемијата со Ковид-19, наведува Европол во соопштението издадено по повид четири години од постоењето на порталот „Номерерансом.орг“. (No more ransom – нема повеќе откуп)

Порталот досега имал над 4,2 милиони посетители од 188 држави.

Со 163 партнери, порталот Номерерансом е прв пример на јавно-приватно партнерство во таа област и е достапен на 36 јазици, а во изминатата година во својата збирка воведе 28 софтверски алатки за декрипција и може да се избори со 140 различни типови на ренсомвер вирусот. (МИА)

Коронавирус