сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 93
home Вести

Порошенко: Путин ја сака цела Украина

Порошенко: Путин ја сака цела Украина

Украинскиот претседател Петро Порошенко го обвини неговиот руски колега Валдимир Путин дека сака да ја анектира цела Украина кон Русија и го повика Западот да му пружи помош на Киев.

– Путин сака да ја возобнови старата Руска Империја. Ги сака Крим, Донбас, целата земја. Како руски цар, за каков се замислува, неговата империја не може да функционира без Украина. Тој на нас гледа како на негова колонија, изјави Порошенко во интервју за магазинот „Билд“.

Тој го повика НАТО да стационира воени бродови во Азовското Море и да ја поддржи Украина во спорот со Русија. Според него, Путин сака да го окупира Азовското Море и затоа е потреба решителна реакција на Западот.

– Единствениот јазик, што тој го разбира е единството на западниот свет, изјави Порошенко.

Во врска со инцидентот од неделата кога руската армија отвори оган врз трите украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот Теснец, по што ги задржаа украинските пловила заедно со 24-ца членови на нивните екипажи, Порошенко ги отфрли обвинувањата на Москва дека станувало збор за провокација од страна на Киев.

– Не им верувајте на лагите на Путин, порача Порошенко, доадавјќи дека Москва обвинувала за украински провокации и во 2014 година „кога испрати војници на Крим“.

Порошенко апелираше до Германија, која е најголем увозник на руски гас, да се откаже од изградбата на гасоводот „Северен Поток 2“, преку кој енергенсот би требало директно да се пренесува од Русија до германските потрошувачи преку Балтичкото Море, при тоа заобиколувајќи ја сегашната траса што минува низ Украина.

– Потребна ни е силна, решителна и јасна реакцја на агресивното однесување на Русија. Тоа би вклучувало и запирање на проектот „Северан поток 2“, порача Порошенко.

МИА

Коронавирус