недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 98
home Вести

Пораст на бројот на новозаразени со коронавирусот во Украина

Пораст на бројот на новозаразени со коронавирусот во Украина

Во последните 24 часа во Украина се регистрирани 841 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Во последните 24 часа регистрирани се девет починати, а закрепнале 373 луѓе. Од вкупно 35.825 случаи на коронавирусот во Украина, до сега се излекувани 16.406, а починале 994 луѓе.

Премиерот на Украина, Денис Шмигал предупреди за опасност од втор бран на заразата во земјата

Коронавирус