понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 153
home Вести

Поранешниот телохраните на Бин Ладен прима социјална помош во Германија

Поранешниот телохраните на Бин Ладен прима социјална помош во Германија

Поранешниот телохранител на Осама бин Ладен, Сами А., веќе со години мироно живее со семејството во Берлин и прима социјална помош, откако германски суд донесе одлука дека не смее да биде протеран во родниот Тунис.

Партијата Алтернатива за Германија до покраинската Влада на Северна Рајна Вестфалија упати прашање за него, по што доби одговор дека Сами А. месечно прима над 1000 евра државна помош. Освен тоа добива и околу 150 евра по дете и други видови помош.

Сами А. од 1997 година живее во Германија и важи за опасна личност, која е под постојана присмотра и секојдневно мора да се јавува во полиција. 

МИА

Коронавирус