петок, 25. септември 2020. Вести денес: 64
home Вести

Поранешниот шеф на ЦИА е новиот американски државен секретар

Поранешниот шеф на ЦИА е новиот американски државен секретар

Американскиот Сенат со тесно мнозинство гласови го потврди изборот на досегашниот директор на ЦИА, Мајк Помпео за нов американски државен секретар.

Се очекува тој наскоро да ја положи заклетвата и веќе за неколку часа да тргне на пат кон Европа, прв пат како државен секретар.

Помпео доби поддршка од 57 сенатори, додека 42 гласаа против неговото доаѓање на местото државен секретар на Соединетите Американски Држави, а само еден беше воздржан.

Со потврдувањето на изборот на Помпео за нов државен секретар Сенатот му даде клучна улога за предизвиците на американската надворешна политика, како што се Северна Кореја и Иран.

Коронавирус