среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Поранешниот романски министер за финансии осуден за примање мито

Поранешниот романски министер за финансии осуден за примање мито

Романскиот суд денеска го осуди поранешниот министер за финансии Дариус Валцов на шест и пол години затвор за земање мито во замена за политичко влијание при доделувањето јавни договори.

Валцов (43) беше министер за финансии во 2014-2015 година.во владата на Виктор Понте, а подоцна беше и економски советник на социјалдемократската влада и автор на бројни контроверзни закони за даноци.За време на судењето, Валцов ги негираше сите обвиненија.

Пресудата сè уште не е правосилна затоа што Валцов има право на жалба.Во 2018 година, Валцов беше осуден во посебен судски процес на осум години затвор за перење пари. И двата случаи се поврзани со одобрување јавни договори, додека Валцов беше градоначалник на Слатина, на југот на земјата, од 2004 до 2012 година. (МИА)

Коронавирус