вторник, 27. јули 2021. Вести денес: 158
home Вести

Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти се врати во Ватикан по посетата на братот во Германија

Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти се врати во Ватикан по посетата на братот во Германија

Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти (93) денеска се врати во Ватикан од Германија, каде помина четири дена во посета на својот брат Џорџ Рацингер (96), кој е болен.

Поранешниот Папа, кој е со баварско потекло, полета од Минхен кон Рим со авион на италијанските воздушни сили.

На аеродромот го испрати претседателот на Владата на германската покраина Баварија, Маркус Зедер, кој рече дека тоа бил „момент на среќа и меланхолија“.

Бискупијата претходно објави дека станува збор за приватна посета, на која поранешниот Папа се одлучил „спонтано“, поради влошената здравствена состојба на неговиот брат.

Ова е вторпат поранешниот Папа да го напушти Ватикан откако се одрекна од службата.
Претходно, кратко време престојуваше во папската палата Кастел Гандолфо, во близина на Рим.

Откако се одрече од папската служба, Јозеф Рацингер живее повлечено во мал манастир во Ватикан.

Коронавирус