понеделник, 6. април 2020. Вести денес: 173
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Поранешниот јужнокорејски претседател осуден на 17 години затвор

Поранешниот јужнокорејски претседател осуден на 17 години затвор

Врховниот суд во Сеул го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Ли Мјун-бак на 17 години затвор поради корупција.

Во 2018 година тој е осуден на 15-годишна затворска казна, но е условно пуштен на слобода во март минатата година поради лоша здравствена состојба.

По поднесената жалба на пресудата, Врховниот суд му ја зголеми казната на 17 години затвор.

Судот во Сеул соопшти дека Ли не се покајал поради злоупотребата на службената должност, туку ги обвинил оние со кои работел. Тој е осуден за поткуп, проневера и други обвиненија. Поранешниот шеф на јужнокорејската држава ги отфрлил повеќето точки од обвинението.

Ли беше претседател на Јужна Кореја од 2008 до 2013 година. неговата наследничка Парк Геун-хе, исто така, е осудена на 33 години затвор поради корупциски скандал.

Коронавирус