вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Поранешниот италијански премиер ќе формира нова партија

Поранешниот италијански премиер ќе формира нова партија

Поранешниот италијански премиер Матео Ренци најави дека ја напушта центристичко-левчарската Демократска партија за да формира сопствена што може да ја дестабилизира новата владина коалиција, пренесува „Гардијан“.

– Одлучив да ја напуштам Демократската партија за заедно со другите да формирам нова партија која поинаку ќе ја третира политиката – објави Ренци на Фејсбук само една недела откако Демократската партија влезе во владина коалиција со Движењето пет ѕвезди.
Ренци не е дел од новата влада која беше формирана за да го спречи ултрадесничарскиот лидер и поранешен министер за внатрешни работи Матео Салвини да свика предвремени избори на кои ќе се кандидираше за премиер.

Ренци, кого го сметаа за реформатор кога стана најмладиот италијански премиер во 2014 година, предизвикуваше поделби во редовите на Демократската партија, особено кај левицата која генерално му е лојална на партискиот лидер Николас Ѕингарети.

Италијанските медиуми пренесуваат дека 30 пратеници можеби ќе му се приклучат на Ренци, но тој изјави дека ќе продолжи да ја поддржува владата на премиерот Џузепе Конте.