сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 6
home Вести

Поранешниот гувернер на Русија осуден на осум години затвор

Поранешниот гувернер на Русија осуден на осум години затвор

Судот во Русија денеска го осуди поранешниот гувернер на Кировската област Никита Белих на осум години затвор, откако беше утврдено дека е виновен за земање мито од бизнисмени, јавија руски медиуми.

Белих ги негираше обвиненијата.

– Судот го осуди Белих на осум години затвор и парична казна од околу 856.000 долари, рече судијката Татјана Васиченко.

Белих беше уапсен на 24 јуни 2016 година во ресторан во Москва во момент кога примаше мито.

Коронавирус