среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, го повика сојузникот Трамп да го признае поразот

Поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, го повика сојузникот Трамп да го признае поразот

Поранешниот гувернер на Џу Џерси, Крис Кристи, го повика својот сојузник, Доналд Трамп, да се откаже од напорите да го пресврти својот изборен пораз од Џо Бајден на претседателските избори во САД.

На телевизијата Еј-Би-Си, Кристи го нарече правниот тим на Трамп „национален срам“, објаснувајќи дека тие често зборувале за изборни измами надвор од судницата, но не коментирале ништо за тоа кога ќе влезеле во судницата.

-Бев приврзаник на претседателот, гласав за него двапати. Меѓутоа, изборите имаат последици и не можеме да продолжиме да се однесуваме како нешто да не се случило, изјави тој за американската телевизија.

Кристи беше првиот гувернер кој во 2016 година го поддржа Трамп, а, исто така, му помагаше во подготвувањето на дебатата со демократскиот кандидат Џо Бајден, пренесе Би-Би-Си.

Многу републиканци, како што се наведува, наводно го поддржуваат Трамп во неговите тврдења, но и голем дел не се согласуваат со неговите постапки по прогласувањето на изборните резултати. (МИА)

Коронавирус