среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 178
home Вести

Поранешниот боливиски претседател позитивен на коронавирус

Поранешниот боливиски претседател позитивен на коронавирус

Поранешниот боливиски претседател Ево Моралес е позитивен на коронавирусот, соопшти неговиот кабинет. Оттаму уште се наведува дека тој е стабилен и примал терапија за да се справи со симптомите, но не се наведува за какви симптоми станува збор.

Моралес (61) во ноември се врати во земјата по едногодишниот егзил, откако еден од неговите дотогашни сојузници Луис Арке беше избран за претседател.

По неговото враќање, Моралес, кој е лидер на владејачката партија Движење за социјализам, учествуваше на бројни митинзи со приврзаниците и членовите на неговата партија пред локалните избори закажани за март годинава. (МИА)

Коронавирус