сабота, 15. јануари 2022. Вести денес: 7
home Вести

Поранешен советник на Обама се изјасни за виновен за измама

Поранешен советник на Обама се изјасни за виновен за измама

Поранешен вработен во администрацијата на 44-от претседател на САД Барак Обама – Сет Ендрју, се изјасни за виновен за измама со технички средства. Тој се соочува со 20 години затвор, соопшти американското Министерство за правда.

– Сет Ендрју, поранешен советник во Белата куќа, денеска се изјасни за виновен за измислување шема за ограбување на училишта. Сега се соочува со федерален затвор за злоупотреба на положбата и ограбување на оние на кои им ветил дека ќе им помогне, се вели во синоќешното соопштение на обвинителот на округот Њујорк Демиен Вилијамс.

Во 2005 година, Ендрју помогна да се формира мрежа на јавни училишта во Њујорк. Во 2013 година, обвинетиот ја напуштил оваа работа и се вработил во Министерството за образование на САД, а потоа се преселил на позицијата постар советник во Белата куќа. Во 2016 година, Ендрју ја напушти функцијата во американската администрација.

Максималната можна казна за поранешниот функционер од администрацијата на Обама е 20 години затвор. Судскиот процес се очекува на 14 април.

Коронавирус